
Здравиот човек има илјада желби, другиот само една, да ги контролира сите медиуми. Добредојдовте во пет, а можеби и повеќе минути посветени на новиот уредник на Република.
Ова е омилената книга на филиче. Koj знае дали ја прочитал или само му ја кажале. Еве на пример на страна 369 има за тоа како настанале болниците. Венко е експерт за болници, посебно за модуларни кои му горат како кибрит. Добар е и со приватни болници, од што му се свиѓаат една сакал да си ја земе за џабалк. Во книгата има и за тоа како настанале весниците, телевизиите, ама никаде не пишува дека претседател на партија треба да биде главен уредник на медиумите. Да, претседателот има нова функција, онаа во Дубаи не му ја рачунаме, а тоа е главен уредник на сите медиуми, т.е на оние кои не се под контрола на СДСМ, другите и онака му го прават ќефот на Венко, наведува авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.

Илјада токсични наслови гласеше прес конренцијата на Филипче на која се пожали дека се води хајка против него. Гебелс може вода му носи, кој му го смислил ова. Или е Богданка или се оние пиарцџиине од Србија кои му ги пишуваат соопштенијата, а на Бихаќка не знаат ни да ги преведат. Трет нема.

Ајде да видиме што пишуваме и коментираме ние во Република“ за кои од Филипче сме означени како токсични. Еве Филипче многу се навреди и ми извади принткрин на прес, за што сум многу благодаем за мојот коментар во оваа емисија oд пред неколку недели дека „Венко може да победи само на избори за куќен совет во зградата на Заев во Дубаи. Прво, не се јави да реагира сопственикот на зградата туку овој што го спремаат за претседател на куќниот совет. Домар. Да собира пари за лифт, за одржување. Не знам што во овој наслов е погрешно, или во речникот на Венко токсично. Филипче досега изгуби убедливо на парламентарните избори, уште поубедливо на локалните, изгуби дури и на изборите во Маврово и Ростуште. Нема каде не изгуби. Уствари му вадиме муабет, Филипче победи на изборите за претседател на СДСМ. Под реден број 1 на гласачкото ливче беше Венко под број два Филипче па членовите на партијата имаа тежок избор. Битката беше неизвесна но на крајот со повеќе гласови Венко го победи Филипче и стана нов лидер на СДСМ.

Одиме понатаму , Венко за токсичен го смета и насловот на „Република“. Потпретседателот на СДСМ од јахтата на Заев смета дека техничката влада треба да остане. Се мисли за потпрестедателот Александар Трајановски.. Што има тука погрешно, дали некој ќе го знаеше овој Трајановски да не се качеше на јахтата на Заев во Грција. Ама ние сме биле токсични.

За Филипче токсичен е и насловот кој е изјава на Бојан Јовановски кој вели дека Венко е љубител на пари придружен со фотографија од домот на Боки каде Венко е залегнат во фотеља.
Или пак кога Филипче и Заев се пијанчеа на Харис Џинoвиќ во Дубаи. И тоа ли беше лажна вест. Може е и монтажа видето како Венко си го пијуцка пивото додека Зоки и Харис се во севдах.

За тоа дека Филипче нема контакт со реалноста доказ е и неговата реакција за изјавата на Заев дадена во Солун кога ни посака хеј а њу јеар. Фала, веќе веќе имаме хев а њу јур со вас двајца.
Што да правиме кога венко сака нежни….наслови во медиумите, тврдите го болат.
Туку Филипче најави дека ќе се жали во ЕУ дека му вадат токсични наслови во медиумите. Ниту ЕУ нит свети ЕУ се засекира за Венко. И додека Венко чека да му се јават од ЕУ, за притисокот врз „Република“ веќе се заинтересираа медиумите во Брисел. Весникот „Бриселс морнинг“ објави текст со наслов „СДСМ само декларативно проевропска партија -има болшевички пристап кон медиумите.

Медиумот пишува и дека Филипче и Кузеска ја водат оваа кампања против медиумите и оти тие не се споротиставуваат на лагите, бидејќи се е вистина туку на контролата што им ја прават новинарите што не се под нивно владение. Така да, касно Венко во Брисел стиже.
На Венко му се погоди неделата. Си одржа и конгрес на кои беше потрден старо новиот тим. А тимот што победува не се менува, нели. Море одржа и патриотски говор. Можете ли да замислите СДСМ и патриотизам. Вели сега имало предавство на националните интереси. Партијата што го смени името и што потпиша договор со Бугарија надограден со француски предлог говори за предаство. Кога и се спуштал мрак на државата СДСМ бил факелот што го покажувал патот. Господе боже „
Другари и другарки од СДСМ , разоткриени сте
За крај на оваа емисија. Филипче успеа да ги стави во втор план случувањата на Светскиот економски форум во Давос кој се претвори во парастос за ЕУ. Трамп и отпеа на ЕУ која веќе не е никаков фактор во светската политика. На ЕУ се палат само уште ликови како Венко, Фрчко и остало граџанство. Човече, немогуче.

Македонски




