Skip to main content

Вицепремиерот Николоски на терен со работниците кои го чистат снегот: Сите патишта се проодни

Вицепремиерот Александар Николоски и министер за транспорт е излезен на терен со работниците кои го чистат снегот и информира дека сите патишта се проодни.

Тука сме во близина на селото Скудриње. Има две секции кои што веќе се покриваат, едната е Косоврасти другата е Маврово. Би сакал да честитам на прекрасниот тим на Македонија пат, на овие вредни луѓе кои што ги одржуваат чисти и проодни патните правци. Веќе се ставени во функција сите камиони со кои што располага Македонија пат, а исто така помагаат и компаниите кои што се ангажирани да работат на расчистување на снегот, изјави Николоски.

Тој додава дека сите патни правци се проодни и никаде нема застој, но апелира возачите да бидат внимателни.

Исто така би сакал да апелирам до граѓаните, внимателно да ги користат патиштата, да ја прилагодуваат брзината согласно условите на теренот. Многу битно, да користат зимски гуми и секаде каде што е потребно опрема, од типот на ланци и сето она што е потребно и што го препорачуваат надлежните, со цел да имаме сигурен и безбеден сообраќај.

Оваа ситуација ќе се задржи и следните денови, ние ќе бидеме во постојана комуникација и координација, со цел да сообраќајот непречено се одвива на ниво на држава и граѓаните стигаат онаму каде што е потребно, особено после празниците, бизнисот да може непречено да се одвива.

Уште еднаш, апел до граѓаните за одговорно возење и за почитување на сите правила кои што ги имаат надлежните и честитки до сите оние кои деноноќно, по 24 часа се обидуваат да се справат со овие снежни наноси, изјави Николоски.

Поврзани вести