
Свечено признание за еден од најголемите македонски алпинистички подвизи ќе биде одбележано утре во Скопје. Во чест на д-р Сашко Кедев и неговото историско искачување на сите 14 највисоки врвови во светот, АД „Пошта“ Скопје ќе промовира пригодна поштенска марка.
Промоцијата ќе се одржи на 2 април во просториите на Порта Македонија, со почеток во 13 часот, каде јавноста ќе има можност одблиску да се запознае со ова значајно признание, посветено на врвниот спортски и човечки подвиг што ја вбројува Македонија на светската алпинистичка мапа.

Македонски



