Skip to main content

Турскиот амбасадор во посета на Штип

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов беше домаќин на амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој. На средбата се разговараше за значењето и можностите за понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете пријателски земји, со посебен акцент на образованието, престојот на турските државјани во Штип, како и на унапредување на соработката во областа на промоција на македонската и турската култура.

Градоначалникот на општина Штип, Јорданов  истакна дека Штип, како универзитетски и регионален центар, претставува отворена и гостопримлива средина за сите студенти и граѓани кои избираат тука да студираат, работат и живеат. 

Присуството на турските студенти во нашиот град има особено значење, не само од економски аспект, туку и во контекст на збогатување на општествениот живот, поттикнување на меѓукултурниот дијалог и градење мостови на пријателство меѓу двата народа. Турските студенти се значаен дел од академската заедница во Штип, а нивната интеграција во локалната средина придонетасува за создавање позитивна симбиоза меѓу различните етнички и културни заедници. Преку секојдневната комуникација, соработка и заеднички активности се зајакнуваат вредностите на почит, разбирање и солидарност#, вели Јорданов.

Градоначалникот Јорданов на средба со амбасадорот на Република Турција, Улусој ја нагласи подготвеноста на Општина Штип и понатаму да биде партнер на иницијативи што ќе придонесат за подобри услови за престој и студирање на странските студенти, како и за унапредување на соработката меѓу двете земји. 

Поврзани вести