Skip to main content
ВМРО-ДПМНЕ е водечка партија според довербата на граѓаните

Трендот на зголемување на рејтингот на премиерот Мицкоски ќе продолжи да расте, граѓаните презадоволни од неговата работа

Убедлива доверба ужива премиерот Христијан Мицкоски и Владата, покажува најновата анкета на Маркет Вижн.

Според податоците од спроведената анкета за истражување на јавното мислење на Маркет Вижн од 6 до 15 декември, премиерот Мицкоски убедливо го зазема првото место како најдоверлив политичар со 27,2 проценти, додека неговиот конкурент актуелниот претседател на опозициската СДСМ Венко Филипче има доверба од само 3,6 проценти. Овие бројки покажуваат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Мицкоски е во предност за седум ипол пати повеќе од Филипче.

Исто така, ВМРО-ДПМНЕ е водечка партија според довербата на граѓаните, додека СДСМ е четврта политичка партија, пред неа се ВРЕДИ и ДУИ.

На прашањето „за која политичка партија би гласале доколку изборите се одржат утре?“, ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот фаворит со 21,5% од гласовите. Зад неа е коалицијата Вреди (Влен) со 5,5%, додека третото место го зазема ДУИ со 5,4%, додека за СДСМ одговориле само 3,9% од граѓаните. Споредбено, ВМРО-ДПМНЕ има предност пет пати повеќе во однос на СДСМ.

Една од причините на што се должи нискиот рејтинг на СДСМ и Венко Филипче покажува токму ова истражување. Според резултатите 48% од испитаниците сметаат дека партијата не е способна да креира нова политика.

ГРАЃАНИТЕ ЗАДОВОЛНИ ОД РАБОТАТА НА МИЦКОСКИ

Истражувањето на јавното мислење кое за потребите на МКД го спроведе агенцијата Маркет Вижн покажува дека дури 38,9 проценти од испитаниците се многу задоволни или задоволни од работата на Владата, додека пак на прашањето колку сте задоволни од работата на премиерот Мицкоски во последните пет месеци позитивен одговор дале дури 40,3 проценти од анкетираните граѓани.

На прашањето во каква насока се движат работите во Македонија, 35,6 проценти од граѓаните сметаат дека таа насока е правилна.

Во однос на унгарскиот кредит кој Владата го намени за развојни проекти на општините, покрај стопанството кое смета дека за прв пат се овозможува на бизнисот да добие евтини кредити со поволни услови, и граѓаните дадоа позитивна оценка за истиот. На прашањето кој е вашиот став во однос на кредитот од Унгарија кој Владата го зема за проекти за развој на општините, дури 30,3 проценти од граѓаните одговориле дека имаат позитивен став.

Додека пак на прашањето дали ја поддржувате одлуката на Владата да ја субвенционира каматата за кредити кои ќе се даваат на компаниите од заемот од Унгарија, дури 39,5 проценти од испитаниците ја поддржуваат.

Кампањата на Владата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ со која се намалија прехранбените производи од најмалку 10 проценти, доби поддршка од граѓаните, односно на прашањето дали ја поддржувате мерката за замрзнување на цените на група производи од т.н новогодишна кошничка, дури 61,5 проценти од граѓаните дале позитивен одговор.

ПОСЛЕДНИТЕ АНКЕТИТЕ НА МАРКЕТ ВИЖН, ИПСОС И ИПИС ГО ПОТВРДУВААТ ВИСОКИОТ РЕЈТИНГ НА МИЦКОСКИ

Точноста на бројките ја покажуваат и другите три анкети направени во периодот откако Мицкоски е премиер, а владата ја предводи ВМРО-ДПМНЕ во коалиција со ЗНАМ и ВРЕДИ од албанскиот блок.

Анкетата на Маркет Вижн спроведена од 16 до 25 септември, покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и натаму е партијата со најголема доверба кај граѓаните. На прашањето за која партија би гласале на парламентарни избори, доколку истите би се одржале утре, најголем дел од одговорите на оние кои рекле дека ќе гласаат, речиси половина односно 45,2 проценти се однесуваат на партијата ВМРО ДПМНЕ, додека за СДСМ само 11,2 од анкетираните граѓани.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје – ИПИС спроведена во период од 9-ти до 13 октомври на 1.500 испитаници и теренската анкета е спроведена од 1-ви до 20 октомври на 1005 испитаници покажа убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ, а премиерот Мицкоски најпопуларен политичар.

Тогаш, на прашањето доколку следната недела се одржат избори, дури проценти од граѓаните ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ а 9,6% за СДСМ. Додека пак 27, проценти од граѓаните имаат доверба во Мицкоски, додека во Филипче со 5,5 проценти. Во однос на впечатоците за работа на премиерот во првите 100 дена, повеќе од половина односно 55 проценти одговориле дека имаат позитивно мислење за работата на Владата и премиерот.

И на анкетата на ИПСОС политичар со најголема доверба кај граѓаните е премиерот Христијан Мицкоски, како и ВМРО-ДПМНЕ. Во телефонската анкета спроведена од 9 до 13 октомври на 1200 испитаници, на прашањето какво е мислењето на граѓаните за работата на Владата во првите 100 дена, 28,4 проценти одговориле дека тоа е позитивно.

Доколку се земе во предвид работата на Владата во првите 100 дена, 51,1 проценти од граѓаните сметаат дека таа е подобра од претходната Влада на СДСМ и ДУИ.

Граѓаните имаат најголема доверба во премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски 27,8 проценти, додека пак доверба во претседателот на СДСМ Венко Филипче имале само 5,5 проценти од граѓаните, што е повторно помалку од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Мицкоски.

Премиерот Мицкоски според владините соопштенија до јавноста има набиена агенда изминатите шест месеци. А според досегашното темпо на работа трендот на зголемување на рејтингот на премиерот Мицкоски ќе продолжи и во иднина да расти.

Покрај дипломатската офанзива, средби со високи челници од земјите членки на Европската Унија, може да забележи дека најмалку три до четири пати во неделата е присутен на започнување или пуштање во употреба на некој капитален проект, додека пак за само шест месеци, премиерот Мицкоски склучи договор за инвестиции или присуствуваше на изградба на нова фабрика, а се очекува да се вработат над 3000 лица следната година.

Поврзани вести