Skip to main content

Тошковски од Охрид: Преку средбите на граѓаните со полицијата создаваме цврста нишка на меѓусебна доверба

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев, во Охрид, во рамки на националната кампања насловена како „До вас, за вас“, присуствуваа и се сретнаа со охриѓани и со сите граѓани и туристи на градското пристаниште и градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.

Присутните за време на манифестација меѓу другото имаа можност да се запознаат и дружат со полициските службеници, како и со изложената опрема, возилата и другите материјално-технички средства што ги користат полициските службеници при извршувањето на секојдневните задачи.

Според планираното сценарио, беше спроведена вежбовна активност во која учествуваа полициски службеници од СВР Охрид, граничната полиција регионален центар „Запад“, Единицата за брзо распоредување, ЦУК, ДЗС, Капетанија на пристаништа, Црвен крст и територијалната противпожарна единица од Охрид.

Преку овој караван, средбите и дружењата со граѓаните создаваме услови за поблиска комуникација и интеракција со граѓаните. Граѓаните имаа можност да се запознаат со нашите капацитети, опрема и да го запознаат чесниот и пожртвуван полициски службеник кој секогаш е во служба на граѓаните, а преку заеднички активности презентиравме дел од активностите кои ги преземаме за одржување на јавниот ред и мир. Со заедничка соработка можеме да оствариме поголем напредок во повеќе сегменти, како и да превенираме многу несакани појави во интерес на сите нас“, истакна меѓу другото министерот за внатрешни работи Тошковски.  

Инаку, ваквите активности со граѓаните преку Караванот „До вас, за вас“, во изминатиот период веќе беа одржани во повеќе градови и со различни институции од земјава. Караванот има превентивен карактер и претставува една од формите за приближување на полицијата до граѓаните во склоп на концептот на „Community policing – Работа во заедницата“, а со цел подигнување на јавната свест за зголемена јавната безбедност во заедницата, и секако спроведување на едукативни и интерактивни активности со граѓаните поврзани со превенција и сузбивање на разните форми на криминал.

Поврзани вести