
Вечерва се отвори Фондацијата „Фросина Кулаков“ во чест на трагично починатата девојка во сообраќајната несреќа кај Универзална сала. На отворењето присуствуваше и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Фросина беше млада девојка со живот пред себе, кој прерано и неправедно беше прекинат во сообраќајна несреќа. Ова не е само лична трагедија за едно семејство, туку потсетник за сите нас колку е кревка безбедноста во сообраќајот и колку сериозно мора да ја сфатиме одговорноста зад воланот.Фондацијата носи важна мисија за унапредување на безбедноста во сообраќајот, поддршка за семејствата погодени од сообраќајни несреќи, иницијативи за подобрување на законската заштита и поддршка на млади таленти

Македонски




