Skip to main content

Тошковски: Ќе ѝ се згрози на македонската јавност кога овој предмет во детали ќе биде расветлен

Нема да има милост за никого. Секој кој придонел директно или индиректно, посредно или непосредно, во рамки на оваа ужасна трагедија заради која плаче секој еден Македонец – ќе одговара, порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вестите на Сител.

-Моментално како осомничени имаме луѓе кои биле на позиција министер, државен секретар, директори на институции, раководители на сектори, сопственици на правни лица, обезбедување, имаме луѓе кои биле на позиција да изготват одредена документација која била незаконита. Ќе ѝ се згрози на македонската јавност кога овој предмет во детали ќе биде расветлен, од аспект на сите дејствија кои сме ги презеле. Особено ќе ѝ се згрози кога ќе види дека повторно, по не знам кој пат, последици на овие незаконитости е мито и корупција, рече Тошковски.

-Кога јавноста ќе види за кои суми биле издавани одредени документи и било ставано нешто незаконито, спротивно на сите регулативи и правила, спротивно на сета нормалност на функционирање на едно кабаре или диско, ќе ѝ се згрози, порача министерот.

Тој рече дека за сето ова има докази и порача дека корупцијата на уништи Македонија.

Поврзани вести