Skip to main content

Стоиљковиќ: Нека овој светол празник биде поттик за духовна смиреност, заемна почит и зајакнување на општествената кохезија

По повод празникот Божиќ, кој го одбележува раѓањето на Исус Христос и ја носи пораката на љубов, надеж и човекољубие, во име на Министерството за односи меѓу заедниците, министерот Иван Стоиљковиќ упатуваи искрени честитки до сите верници од христијанска вероисповед. Нека овој светол празник биде поттик за духовна смиреност, заемна почит и зајакнување на општествената кохезија.

Божиќните празници нека придонесат кон продлабочување на семејните и општествените вредности, негување на солидарноста и унапредување на меѓусебното разбирање. Во духот на празникот, посакувам овие денови да бидат исполнети со стабилност, лична и семејна благосостојба и уверување дека преку соработка и одговорност можеме да придонесеме за напредок и заедничко добро.

На сите верници им посакувам добро здравје, мир и достоинствено празнување на Божиќ. Христос се роди! Вистина се роди! Нека е честит и благословен Божиќ, порача потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ.

Поврзани вести