
Денес го чествуваме Свети Климент Охридски – големиот просветител, учител и градител на духовноста, чија мисија за образование, писменост и човечко достоинство остави длабок и траен белег врз нашата историја. Неговото дело нѐ потсетува дека силата на едно општество произлегува од знаењето, почитта и единството, истакна во својата честитка потпретседателот на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ.
„Во духот на неговата визија, да продолжиме да го градиме нашето општество како заедница во која различностите се богатство, а повеќеетничката кохезија – наша заедничка обврска и најголема вредност“, порача Стоилковиќ.
Тој додава дека споменот за Свети Климент Охридски е жива традиција и поттик денес, како и во минатото, да останеме посветени на заедништвото и напредокот.
„Нека ни е честит празникот. Нека е вечен споменот за Свети Климент Охридски, чија мудрост и денес нѐ повикува кон обединување и создавање општество во кое традицијата и современоста живеат во склад. Тоа е нашиот заеднички аманет – да останеме единствени како држава и да продолжиме да ја градиме иднината“, стои во пораката на Стоилковиќ.

Македонски







