Skip to main content

 Во 2023 година секое шесто домаќинство во Македонија живеело во сиромаштија

Frantisek Krejci from Pixabay

Врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, Државниот завод за статистика (ДЗС) ги пресмета лаекенските индикатори за сиромаштија за 2023 година. Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 % од медијалниот еквивалентен приход.

Според оваа анкета, како што соопшти ДЗС, во 2023 година, стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесуваше 22.2 %.

Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2023 година е 17.8 %. Според најфреквентниот статус на економската активност, стапката на сиромашни вработени лица е 8.4 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 11.3 %. Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 30.3 %.