Skip to main content
Весна Јаневска, министерка за образование

Случајот со третоодделенецот од „Лазо Ангеловски“ сè уште не е комплетно решен, директорот на училиштето треба да ја организира наставата за учениците кои бојкотираа

Случајот со третоодделенецот од ОУ „Лазо Англеовски“ сѐ уште не е комплетно решен бидејќи постојат одредени пречки, вели министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Според неа, откако во овој случај интервенирале од министерството, состојбите веќе се средуваат.

Социјалната служба проактивно работи“, рече Јаневска денеска одговарајќи на новинарски прашања.

Во однос на пропуштените часови што ги имаат другите ученици за периодот додека ја бојкотираа наставата, Јаневска рече директорот на училиштето ќе треба да ја организира наставата.

Пропуштената настава ќе треба директорот на училиштето да си ја организира и децата не смеат да имаат пропуштени часови заради ваков случај“, додаде министерката.

Случајот со третоодделенецот се актуализираше кога тој од ОУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче требаше да биде префрлен во ОУ „11 Октомври“ во Центар.

Тогаш родителите на учениците од „11 Октомври“ ја бојкотираа наставата, а по повлекување на одлуката и негово враќање во „Лазо Ангеловски“, празни останаа училниците и во ова училиште.

Учениците од ОУ „Лазо Ангеловски“ го прекинаа бојкотот откако бил донесен заклучок детето до крајот на првото полугодие да продолжи со онлајн настава со цел во меѓувреме да се изврши соодветна проценка за заштита на детето и останатите деца во одделението.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска претходно изјави дека случајот добил преголема, непотребна и донекаде, како што рече, неправедна јавност, обем и јавна дискусија.

Посочи и дека со тоа што во јавноста се врши притисок се прави стигматизација на ученикот.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom