Skip to main content

Сиљановска Давкова на проштална средба со грчката амбасадорка Софија Филипиду

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид на проштална средба ја примила амбасадорката на Хеленската Република во Скопје, Софија Филипиду.

Реафирмирајќи го ставот дека регионалната соработка е особено важна за помалите земји, Сиљановска Давкова истакнала дека од Грција очекува да биде меѓу најсилните поддржувачи на патот на македонските ЕУ интеграции.

Според мене, со влезот на земјата и на целиот регион во Унијата, ефективно ќе се затвори постоечкиот геостратешки јаз, а со тоа ќе се постигнат повеќекратни ефекти во Југоисточна Европа, од трговијата и инвестициите до енергетската поврзаност. Во однос на македонско-грчките односи, со амбасадорката сметаме дека е потребен нов поттик за да се продлабочат и прошират во повеќе области – се вели во објавата на претседателката.

За мене, како што посочува Сиљановска Давкова, културата е најдобриот лакмус за македонско-грчките односи.

Доказ за тоа се заедничката изведба на монументалното дело „Кармина Бурана“ од страна на македонската, бугарската и грчката филхармонија, во јуни годинава, како и изведбата на „Митот за Амазонките“ во рамките на фестивалот „Охридско лето“ – нагласува во објавата претседателката Сиљановска Давкова.

Поврзани вести