Skip to main content

Сиљановска-Давкова го пречека швајцарскиот претседател Пармелан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го пречека претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, кој престојува во официјална посета на земјава.

Швајцарскиот претседател бeше пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Вила Водно.

По пречекот, следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и швајцарската делегација.

По пленарниот состанок Сиљановска-Давкова и Пармелан ќе одржат заедничка прес-конференција.

Во рамки на посетата швајцарскиот претседателот ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Поврзани вести