![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/12/uciliste-klupi-ucenici.png)
Директори на средни училишта од Штип, Скопје и Битола од Државниот испитен центар имаат побарано соодветен простор за организирање на државната матура за средношколците во мај и јуни. Директорката на Државниот испитен центар, Даниела Јовчевска Михајловска денеска оствари средба со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип, Дејан Мираковски со цел да им се излезе во пресрет на штипските средни училишта за организирање на полагањето на државната матура во предавалните и амфитеатрите на Факултети на УГД-Штип, бидејќи училиштата немаат доволно простор согласно утврдените прописи за полагање на државната матура.
Средните училишта од Општина Штип се изјаснија дека им е потребна поддршка во делот на организирање на просторот, бидејќи согласно правилата за организирање на матурата, просторот треба да биде раздалеченост меѓу учениците од метар и половина, за да можат да работат непречено и да имаме подобра прегледност во полагањето на испитите од екстерниот дел од државната матура. Токму затоа денес сме тука на барање на директорите, се обративме до ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ да ни овозможи и да ни даде поддршка за организирање на екстерните испити, вели Јовчевска Михајловска.
Таа додаде дека поголемиот простор нуди поголеми можности за поголема предност при полагањето на предметите на државната матура.
Самите тестатори можат полесно да ги набљудуваат учениците да се намали делот на препишување. Затоа што знаете дека изминатите години се соочувавме со еден таков проблем, за да имаме што е можно поголема објективност во реализација на државната матура и се разбира поголеми достигнувања кај самите ученици, изјави Јовчевска Михајловска.
Ректорот на УГД-Штип, Мираковски истакна дека штипските средни училишта ќе ја имаат поддршката во обезбедување на простор за полагање на државната матура кон крајот на мај и почетокот на јуни.
Верувам дека учениците ќе имаат содветни услови за полагање на матурата, ќе имаат конфор, простор каде што ќе можат непречено да ги реализираат сите активности, како Универзитет веќе имаме и одредени активности, со коишто им помагаме на идните студенти. Се надевам дека ќе бидат што е подобри во реализација на матурските испити и да постигнат што подобар успех, вели Мираковски.
Директорката на Државниот испитен центар, Јовчевска Михајловска истакна дека директорите на средните училишта и од другите градови во земјaва можат да побарат помош од нив за обезбедување на просторни можности за полагање на државната матура. Според податоците на ДИТ во средните училишта во земајва оваа година има околу 15.000 матуранти.