Skip to main content
0_ubRcNB-2U
Потпишан меморандум меѓу ИНОВА и државните универзитети

Се продлабочува соработката на универзитетите, институциите и бизнис секторот

МИА

Унапредување на соработката меѓу научно-истражувачката заедница и институциите во насока на развој на иновациите, технологијата и претприемаштвото е целта на Меморандумот што денеска во Владата го потпишаа ректорите на државните универзитети со Агенцијата за иновации научно технолошки развој и претприемништво (ИНОВА).

На потпишувањето на меморандумот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на ИНОВА Даниела Димовска

Потпишувањето на меморандумот, според премиерот Мицкоски, претставува силна порака дека, како што нагласи, заедно можеме повеќе и оти преку партнерство можеме да создадеме услови за развој на претприемништвото, за подршка на стартапите, за зголемување на конкурентноста на нашите компании и изградба на економија базирана на знаење.

Особено е важно што оваа иницијатива отвара простор за подлабока соработка помеѓу универзитетите, институциите и бизнис секторот, што може да резултира со нови проекти, заеднички изтражувања и крирање решенија со реална примена. На тој начин се создаваат услови за задржување на младите таленти и нивно активно вклучување во развојот на македонската економија, рече Мицкоски.

Иницијативата на ИНОВА за воспоставување соработка со државните универзитети, според него, претставува важен чекор за подобро поврзување на образованието, науката и економијата. Улогата на МОН и универзитетите, заклучи, дека е од особено значење во градењето на систем, кој ќе овозможи развој на квалитетен кадар, подготвен да одговори на современите предизвици.

Истовремено, поврзувањето со приватниот сектор и институциите создава основа за поефикасен трансфер на знаење и технологија. Фокусот на ова партнерство е во согласност со нашите стратешки приоритет, а тоа се потекнување на иновациите, подршка на претприемништвото и стартапите, како и развој на конкурентна економија базирана на знајење, рече Мицкоски.

Потпишувањето на меморанумот, според министерката за образование Јаневска, е од стратешко значење за државата. Академската заедница, нагласи, е клучниот двигател на знаење, иновации и општествен напредок.

Овој меморандум не е само формален чин, тој е потврда на нашата заедничка определба да изградиме уште посилна врска и континуирана соработка меѓу државата, универзитетите со јасна цел поквалитетно високо образование и поактивна научна истражувачка дејност, која ќе ја остваруваме преку Агенцијата ИНОВА, истакна Јаневска.

Очекува универзитетите, а упати порака и до бизнис заедницата, сите активно да се вклучат и да ја насочат својата научна и истражувачка работа токму кон оние области каде што потенцијалот за напредок е најголем.

Директорката на ИНОВА Димовска истакна дека со потпишувањето на меморандумот се прави чекор кој е многу повеќе од формалност.

Ова е јасна определба за градење на функционален систем во кој знаењето се движи од универзитетите, кон економијата, индустријата и кон општеството. Со квалитетни универзитети, талентирани студенти имаме сериозен потенцијал, кад енаш предизвик е да го претвориме во реална вредност, истакна Димовска.

Меморандумот беше потпишан со ректорите на УКИМ-Скопје, ДУ- Тетово, УГД-Штип, УЈИЕ-Тетово, УКЛО-Битола, УСАП-Охрид и УМТ-Скопје, кои се обратија на настанот, нагласувајќи ги придобивките од партнерството со ИНОВА и важноста на иницијативата за практична примена на знаењето.

МИА

Поврзани вести