
Работиме на проект за ново уредување на Градскиот кеј со двете пристаништа, пристаништето пред хотел „Палас“ и Градското пристаниште, изјави за време на вчерашната посета на Охрид , вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Последен пат интервенции на Градскиот кеј се правени во 90-те години, што значи дека преку 30 години ништо не е чепнато. Општината во моментов работи проектирање. Од наша страна ние работиме во делот на пристаништата и очекувам заеднички да подготвиме еден проект кој што ќе значи целосно партнерно уредување на кејот од една страна, од друга страна ставање во функција на пристаништата пред хотел Палас во дел на полесни помали пловни објекти, додека старото градско пристаниште треба да добие комплетно нов лик со цел тука да се укотвуваат поголеми пловила. За тоа разговаравме во Париз, кога бевме во посета на УНЕСКО, четири министри и двајца градоначалници. Можам со задоволство да кажам дека има расположение кај нив заеднички да работиме и сите стандарди на УНЕСКО да бидат постигнати со цел од една страна да се задржи статусот и да се унапреди, а од друга страна да имаме модерен кеј и да имаме функционални пристаништа, порача вицепремиерот Николоски.

Македонски


