
СДСМ и Коалицијата денеска преку прес-конференција го соопштија својот став за интерпелацијата на Јавниот обвинител, иако, како што рекоа, првично планирале тоа да го сторат од собраниската говорница. Причината за ваквиот потег се, според нив, „неразумните и нелогични“ одложувања на седницата и барањата за паузи, како и големиот интерес на медиумите.
„Интерпелацијата во принцип значи барање политичка одговорност, но овде зборуваме за човек од третата власт – судската, која според Уставот мора да биде независна,“ изјавија од пратеничката група, нагласувајќи дека постапката не мора да има правни последици и дека одлуката дали ќе поднесе оставка останува на самиот обвинител.
СДСМ потсети дека за разрешување на Јавниот обвинител постои јасно дефинирана процедура во член 63, став 3 од Законот за јавно обвинителство – Советот на јавни обвинители мора да даде позитивно мислење за таква одлука.
„Како пратеничка група остануваме на принципиелниот став дека Јавното обвинителство мора да биде независно, ослободено од политичко влијание и притисок, а сите одлуки да се носат единствено врз основа на законот,“ порачуваат од СДСМ.
Во изјавата се осврнаа и на промената на ставовите на премиерот Христијан Мицкоски, кој првично бараше смена на Јавниот обвинител, но по трагедијата во Кочани изјави дека разрешување нема да има додека трае истрагата. „Се поставува прашањето дали целта е партизација на судството и поставување партиски обвинител,“ порачаа од опозициската партија.
Од прес-салата на Собранието директно се обратија и кон Јавниот обвинител:
„Вие го водите најголемиот и најтешкиот предмет за најголемата трагедија во поновата историја на Македонија – пожарот во Кочани. Граѓаните очекуваат вистинска, а не селективна правда. Од вас зависи дали после гласањето за оваа интерпелација ќе бидете ‘со штитот или на него’.“
СДСМ најави дека нивната пратеничка група нема да учествува во процес што, како што велат, „нема или не мора да има правни последици“,