Skip to main content

СДСМ и Левица се здружија и ги зедоа синдикатите под свое владение

Старата колалција СДСМ-Левица повторно се обедини. Ако се мислеше дека има разидување во нивните позиции по лидерската средба на која партијата на Апасиев дојде а лидерот на СДСМ не се појави по искажаните стави за денешниот протест на Сојуз на синдикатите станува појасно.

Отворената поддршка која ССМ ја добива од Левица и од СДСМ јасно говори кој стои позади овој протест. 

Овие две, иделошко слични партија ги истументализираат протестите со цел да ги имаат под своја контрола синдикатите и нивните лидери.

ВМРО-ДПМНЕ денеска откри дека ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40 проценти покачување на платите во следните две години.

Слободан Трендафилов кој е многу гласен кога СДС е во опозиција, а тивок кога тие беа на власт, го одбил предлогот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на платите на административните службеници за 40% во следните две години. Зошто? Само затоа што не сакал да го потпише новиот колективен договор, велат од партијата.

Случајно или не, Филипче и Апасиев имаат ист став со Трендафилов. Лидерот на СДСМ изјави дека го поддржува денешниот протест.

Сметам дека барањата се реални, дека се објективни, дека поголема плата е заслужена и вистински потребна и за преживување на работничките семејства во државата. Јас жалам што завршија добрите пракси од минатото, од времето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија кога во континуитет растеа и минималната плата и просечната плата. Минималната плата скоро се дуплираше и просечната плата исто, и тоа во време на најголеми кризи како што светот немаше видено тогаш, ковид кризата и енергетската криза, рече Филипче.

Поврзани вести