Skip to main content

Сарај и Чаир со значителен раст на излезноста за разлика од локалните избори 2021

Сарај има значителен раст на излезноста на овие локални избори, споредбено со локалните избори 2021 година. Според податоците на ДИК во Сарај има раст од +26% и Чаир +10.8%, каде исто така интересот за гласање е драстично поголем од 2021.

Кисела Вода и Гази Баба бележат мал пад на излезноста, околу 1,5–2%.

Во Центар, Бутел и Ѓорче Петров се забележува умерен пораст, од 2 до 5 процентни поени.

Повеќето скопски општини се движат меѓу 39 и 43% излезност, што укажува на стабилен тренд на одѕив.

Општина20252021Разлика
Аеродром39.32%39.32%➖ 0.00%
Арачиново42.90%42.90%➖ 0.00%
Бутел42.29%37.15%🔼 +5.14%
Гази Баба35.65%37.23%🔽 −1.58%
Ѓорче Петров37.73%35.59%🔼 +2.14%
Карпош42.86%42.54%🔼 +0.32%
Кисела Вода39.37%41.45%🔽 −2.08%
Сарај48.01%22.00%🔼 +26.01%
Центар42.48%40.42%🔼 +2.06%
Чаир45.66%34.83%🔼 +10.83%
Шуто Оризари30.88%28.48%🔼 +2.40%

Поврзани вести