
Kрива Паланка ќе има промени. Промените ќе ги донесе новиот градоначалник на Крива Паланка, Оливер Алексовски и советничката листа којашто ќе победи на овие локални избори, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоргија Сајкоски.
Ние ветуваме дека и градоначалникот и советничката листа ќе работат посветено на многу проекти коишто се потребни за овој прекрасен град.
За градот Крива Паланка се потребни нова инфраструктура, подбрена инфраструктура во сите населени места.
Потребен е економски развој, потребно е подобрување и во образованието и во здравството.
Тимот што го предводи новиот градоначалник на Крива Паланка, Оливер Алексовски, има визија, има цел, има добри конекции со централната власт“, рече Сајкоски.