Skip to main content

„Република“ очекува нова статистика од СДСМ, колку закани, уцени и нарачани судски пресуди има против нас

Во СДСМ се опседнати со „Република“. За екипата од „Бихаќа“ не е битно дали се во власт или опозиција, „Република“ постојано им пречи. Не е важно што ќе напишат другите, за нив е важно што ќе пренесе „Република“. Долга е листата на кадри од СДСМ кои во нас гледаат најголем непријател, од Зоран Заев и Шилегов, до Ременска и портпаролката Богданка Кузеска.

Таа денеска на прес конференција јавно упати закани и ги етикетираше „Република“ и уште неколку други медиуми дека не известуваат како што сакале тие.

Не им се допаѓало тоа што со факти им докажавме дека ЛАЖАТ оти во Македонија ќе се носат мигранти од Велика Британија, а токму актуелниот лидер Филипче и лидерот во сенка Заев донеле одлука додека беа на власт дека во Бардовци ќе се гради Центар за мигранти. Или, пак, лагата дека Директорот на Службата за општи и заеднички работи имал нешто со посочената фирма за што најави тужба.

Тимот на Кузеска детално ги читаат текстовите објавени во „Република“ за што им благодариме. Дури и подготвиле графикони колку вести колку текстови сме имале за т.н дефокус, колку за нивната резолуција за мигранти, а колку за тендери и за обивнителот Коцевски. Абе „срцки“.

Koга сме кај графиконите и мафтањето со листовите за текстови на „Република“ ја прашуваме Кузеска дали се сеќава на ова?

Се сеќава ли Богданка кога поранешниот градоначалнк на Скопје лажеше дека нашата фирма е на иста адреса со фирма на Белизе. На крајот испадна дека тоа е фирма на една маркетинг агенција со слично име. Извинување од Шилегов и Богданка немаше. Судството кое и тогаш имаше два посто доверба не го осуди Шилегов за клевета иако се докажа дека не се работи за Прва Република туку за сосема друга фирма маркетинг агенција „Република“.

Судството од два посто дури се изјасни дека Шилегов сосема случајно стоел пред редакцијата на „Република“ додека го држел пресот, не мислел на медиумот и оти настанало недоразбирање.

Одиме понатаму. Зоран Заев со неговото трас-трас судство исто така како Кузеска, беше, а можеби и уште е опседнат со „Република“. Па така против нас имаше пресуда за затворска казна со условна осуда за текст во кој не се спорат инфомациите кои беа објавени туку тоа што со име и презиме сме објавиле јавни личности.

Редакцијата на „Република“ за време на владеењето на СДСМ беше цел на уништување, омаловажување на нашите новинари, етикетирања. Но, издржавме. Ќе ја издржиме и Богданка, главната „уредничка“ на „Република“.

Поврзани вести