
Судијка од Велес им помогнала на маж и жена сопственици на аптеки со фалсификуван документ да си впишат имот во катастар. Обвинителство поднесе обвинение против неа и двајцата сопружници.
Мишева донела пресуда со која им го усвоила тужбеното барање и им утврдила право на сопственост на деловен простор и земјиште под зграда на сопствениците на аптеки. Иако пресудата не била правосилна и извршна, судијката ја заверила со службен печат. Мишева, изигрувајќи го АКМИС системот, им го дала на рака решението што го донела, па брачната двојка – аптекари успеале да извадат и имотен лист.