
Поранешни високи функционери на СДСМ се незадоволни од начинот на кој актуелното раководство управува со партијата, поради што стравуваат дека тоа ќе доведе до стагнација или дополнително назадување. Како што дознава „Фокус“, тие покренале неформална иницијатива, чија цел не е промени по пат на внатрешен конфликт, туку создавање на силен и победнички СДСМ со заеднички сили.
Oваа иницијатива треба да се подготвува да настапи со политички концепт и кадровска понуда кога ќе созреат услови, при што се проценува дека тој момент би можел да дојде веднаш по следните парламентарни избори. Нашите соговорници велат дел од оваа иницијатива се поранешниот потпретседател на СДСМ Игор Ивановски и поранешниот генерален секретар Андреј Петров, кои речиси идентично размислуваат во врска со политичкиот пат на СДСМ, па не би било изненадување доколку настапат тимски при барање на поддршка за раководење на партијата.
Извор Fokus.mk

Македонски






