Skip to main content

Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина: Успешно е реализиран проектот за реконструкција на коловозот и изработка на тротоар на патот кон Манастир Пеленица

Успешно е реализиран проектот за реконструкција (рехабилитација) на коловозот и изработка на тротоар на патот кон Манастир Пеленица, напиша на својот фејсбук профил премиерот Мицкоски.

Со завршувањето на зафатот е обновена коловозната конструкција и изграден нов тротоар, со што се обезбедува побезбедно и пофункционално движење за возилата и пешаците.

Инвестицијата од 29.320.330 денари придонесе за модерна и одржлива патна инфраструктура, подобрена пристапност до манастирскиот комплекс и повисоко ниво на безбедност за посетителите и локалното население.

Поврзани вести