
Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска ги потпиша Законот за основното образование и
Законот за учебници, во кои термините „родова идеологија и родов идентитет” беа заменети со нормата „рамноправност меѓу жените и мажите”.
На први април во Собранието на Македонија поминаа измените во Законите за Учебници за основно и средно образование и Законот за основно образование. 65 пратеници гласаа „за“ и 8 пратеници гласаа „против“.