
Премиерот Христијан Мицкоски со своето семејство денеска го прославува именденот и роденденот на помалиот син Антониј.
Членовите на семејството Мицкоски денеска беа во црква каде запалија свеќи за здравје, а носеа и погача, како што налага обичајот.
Среќен именден и роденден синко! Напомош нека е денешниот празник Св. Антониј Велики. Жалам што не бев присутен кај бато, на Св. Јован и што понекогаш кога ви требам не сум тука, но честа да се бориме како семејство за Македонија нема димензија. Да бидете со бато секогаш сложни, здрави и среќни и тогаш знам дека сами ќе постигнете многу за семејството и за Македонија. Бог да ја благослови Македонија!, објави Мицкоски на социјалните мрежи.

Македонски



