Skip to main content

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на отпочнување со реализација на проектите во Општина Илинден

утре 05.03.2025 година (среда) во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во рамки на теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“ во организација на Министерството за локална самоуправа ќе присуствува на отпочнување со реализација на проектите во Општина Илинден и тоа:

-Изградба на сервисна улица 19 во УП за село Илинден, Марино и делот од КО Кадино Блок 32;

-Изградба на улица 500 и армирано бетонски плочест мост над одводен канал кај меморијален центар во населба Јака, населено место Марино;

-Изградба на дел од новопроектирана улица 20 во населено место Јака.

Поврзани вести