Skip to main content

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на собраниска седница

На утрешната пленарна собраниска седница се очекува да биде ставен предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Ова го соопшти претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите.

Потенцира дека се уште не е пратена покана до Коцевски дека на утрешната седница ќе биде неговото разрешување, но оти би требало да му биде доставена во текот на денов.

До крајот на декември се очекува да се одржат четири пленарни седници. На 23 декември пред пратниците годишно обраќање треба да има претседателката Гордана Сиљановска Давкова, а на 25 декември да се оджи седница за пратенички прашања.

Гаши на средбата со новинарите посочи и дека останува да бидат донесени уште два закона за да се заокружи Реформската агенда, а тоа се Законот за јавни патишта и Законот за Судски совет

Поврзани вести