
Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска во Скопје ќе го одржи својот петти конгрес, кој според најавите ќе биде важен за идниот политички и организациски развој на партијата.

Потпретседателот и портпарол на ДУИ, Арбр Адеми, на прес-конференцијата по локалните избори истакна дека на конгресот ќе се реорганизираат партиските структури и ќе се обноват клучните тела.

По седницата на Советот на ДУИ минатиот месец, партијата нагласи дека конгресот ќе биде значаен за дефинирање на понатамошниот политички, организациски и програмски правец.

„Конгресот претставува клучен процес за јасна политичка визија, зајакнување на внатрепартиските демократски механизми и подготовка на структурите за новите предизвици“, стои во соопштението на партијата.



Македонски






