Skip to main content
OCemLbxeBIA

Петрушевски: Љупчо Коцевски е одговорен за неактивноста на ЈО, само обвинители бирани во Струмица и Зајас не гледаат криминал во матните набавки на СДС и ДУИ

Шест месеци јавното обвинителство е во зимски сон. Шест месеци нема ниту едно покренато обвинение за ниту еден случај на сериозен криминал и корупција за репрезенти од СДС и ДУИ кои со години ги ограбуваа институциите.

Ова на денешната прес-конференција го изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Нагласи дека иако во јавноста преку медиумите излегле мноштво докази, ЈО не мрднало со прст, а институтот отворање на предмет по допрен глас очигледно е мисловна категорија.

-Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, наместо да почне да ја работи работата за која е платен продолжува со оправдувања. Љупчо Коцевски е целосно одговорен за неработата на обвинителите под него. Само тој и обвинителите бирани во Струмица и Зајас може да не постапуваат по наводите за криминал во РЕК Битола, ЕСМ, МЕПСО, ТЕЦ Неготино, Државна Лотарија, ЈПДП, Министерството за здравство и другите институции за кои дури и медиумите изнесоа голем број сознанија за милионски криминали. Само Љупчо Коцевски и обвинителите бирани во Струмица и Зајас не гледаат криминал во Онкологија, набавките на мазут, јаглен и гас, нивите купувани долж трасата за автопатот Скопје – Блаце, вели Петрушевски.

Пратеникот додава дека оваа летаргичност која ја гледа од ЈО и нивната закрила за политичките криминалци од СДС и ДУИ е причина за недовербата на граѓаните во правосудството.

-ЈО на чело со Љупчо Коцевски наместо да го санкционира криминалот функционира како негов чадор, тоа мора да се промени. ЈО да почне да си ја работи работата. Граѓаните очекуваат правда и владеење на право, додаде тој.

Поврзани вести