
Барањето на СДСМ за целосна декласификација на документите предизвика нервоза кај власта, која се обиде да се претстави како жртва и падна во сопствената замка, стои во соопштението од Центарот за комуникации со јавност на СДСМ што МИА интегрално го објавува.
Долгото доцнење со безбедносниот сертификат на претседателот на Комисијата создава сериозни прашања за законското функционирање на надзорот, рече пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, на гостувањето во „Дневник“ на Сител телевизија.
„Приоритет е целосна декласификација на документите за да се обезбеди транспарентност и граѓаните да добијат одговори на стотиците прашања што се поставени. Најавата за целосна декласификација предизвика нервоза кај оние кои сакаа да се претстават како жртви, затоа што ќе бидат објавени информации кои можеби нема да им се допаднат. Ние велиме , сакаме сè да биде објавено за граѓаните да добијат одговори. Декласификацијата ќе даде одговор на сите прашања и можеби ќе ги демантира сомнежите“, рече Петровска.