Skip to main content
JF3y3sd4MOg

Перински: Треба да се даде можност на референдумско изјаснување за отповик на градоначалник


Законот за локална самоуправа е поставен на здрава основа, станува збор за системски закон којшто произлегува од еден исклучително тежок процес за Република Македонија, а тоа е Охридскиот рамковен договор и ова е законско решение кое што е постаро од две декади и нормално е да има потреба од подобрување, модернизирање на законското решение.
Главната иницијација за отворање на овој системски и двотретински закон е од изразеното незадоволство на граѓаните од одредени сегашни градоначалници. Откако ќе го добијат мандатот, не можат да бидат отповикани по ниту еден основ, освен судот ако оцени дека направиле кривично дело или не дај Боже најлошото. Сметаме дека ние треба таа можност да им ја дадеме на граѓаните, и тоа постоело како законско решение во Законот за локална самоуправа од 1995 година. Тоа не е битно, тоа е препорака на Венецијанската комисија во извештајот од 2019 година
– вели министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Тој во синоќешното гостување во „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа посочи треба да се даде можност на референдумско изјаснување за отповик на градоначалник, но да се внимава тој механизам да не се злоупотребува.

Процесот го отпочнавме со УНДП, во него се вклучени 4 домашни експерти и еден интернационален експерт којшто очекуваме да се вклучи во периодот кој што ќе следи. Целата процедура ќе се прави на максимално транспарентен и отворен начин.Планирано е со дополнувањето на Законот да биде овозможено и функционирање на комунална полиција, со цел да се елиминираат девијантни однесувања на групи граѓани, а во законска рамка планирано е да се вметне и дел со кој ќе се овозможи поголемо учество на граѓаните во креирање на локалните буџети – нагласи Перински.

Поврзани вести