Skip to main content

Перински: Планираме формирање на ресурсен центар за бесплатна експертиза за администрацијата и фонд за поддршка за изработка на техничка документација

Општина Крива Паланка

Формирање ресурсен центар со поддршка од странски донатори, со фонд во износ од 5 милиони денари, за помош и поддршка на локалните самоуправи со бесплатна експертиза за вработените во јавната администрација, за одржување на конзистентноста и квалитетот на кадарот, бидејќи јавната администрација е сè помалку атрактивна за вработување на младите, најави на денешниот работен состанок во Крива Паланка Министерот за локална самоурава Златко Перински.

Перински денеска на средба со градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, со советниците и општинската администрација во рамки на кампањата „Кадешто срцето е дома“ говореше за реформскиот процес на Законот за локална самоуправа кој ќе донесе значајни придобивки за општините и за граѓаните.

Министерот ги презентираше измените на законот за локална самоуправа, а вработените во администрацијата и присутните споделија свои предлог-идеи за измени, како и предизвиците со кои се соочува локалната самоуправа во повеќе области, со цел изнаоѓање начин за нивно олеснување или можност за функционирање на истите.

Перински рече дека негова задача заедно со соработниците е да ги слушнат сите градоначалници, сите локални самоуправи за да отворат теми што не се отворени и повеќе од 20 години, за да со законските измени се направи подобрување на функционалноста на локалните самоуправи, за брза и ефикасна работа.

Досега остварив средби со над 70 отсто од градоначалниците и без оглед на партиската припадност, сите сме на ист став, системот на локална самоуправа и министерството треба да бидат поставени потемелно и повизибилно во секојдневното функционирање на Владата затоа што детерминира суштинска проблематика од посебна важност и за граѓаните и за државата. Од октомври досега се направени четири јавни дебати со општини и невладини организации за измените на законот , сите конструктивни сугестии и предлози, без оглед од кого доаѓаат, се вметнати во измените. Досега се поднесени 17 амандмани,а за вторник ез акажано второ читање на законот, кој, се надевам мојот политички опонент ќе го поддржи. МЛС е одговорно и за програмите за прекугранична соработка коишто и овозможуваат на државата градење на капацитети, човечки капацитети, кои во периодот што следи како полноправна земја членка на ЕУ ќе мора да се надоградуваат за да може да се искористат што поголеми кохезиони фондови од ЕУ и мислам дека динамиката со која ја реализираме оваа активност, околу 90 проценти, е успешна приказна, рече Перински.

Планирано е овој центар да обезбеди фонд за изработка на техничка документација, бидејќи, истакна, Владата овозможи 21 милијарда денари за општините за околу 1200 проекти што ќе бидат поддржани, така што фондот за техничка документација ќе помогне општините да изработат нови проекти. -Истовремено, фондот ќе помогне за перманентна обука на адмионистративнито кадар. Исто така министерството ќе работи на дигитализација на услугите на општините, планот е до крајот на 2026, 20 отсто од општинските услуги да бидат дигитализирани и поставени на www.uslugi.gov.mk . Исто така, планираме да се помогне на општините со ажурирана база на даночни обврзници за да можат да ги прибираат полесно и ефикасно даночните средства, бидејќи на годишно ниво, кумулативно, општините губат прибирање 120.000.000 евра, додаде Перински.

Поврзани вести