Skip to main content

Перински ги охрабрува граѓаните да му пишуваат: Вашите проблеми се и мои

Вашите проблеми се и мои. Ветив и продолжувам преку spodeli@mls.gov.mk директно да комуницирам со вас да се обидеме заеднички да ги надминеме предизвиците со кои се соочувате, напиша Министерот за локална самоуправа Златко Перински во објава на „Фејсбук“.

Нерешени ситуации со имотно-правни односи, неиздадени решенија за данок на имот, повеќемесечни проблеми со водоводната мрежа, се само дел од проблемите кои ги споделивте со мене во изминатиот период и за кои веќе посредувам кај надлежните институции да најдеме решение за нив, истакна министерот.

Перински вели дека го радуваат и неколкуте сугестии кои граѓаните му ги испратиле во насока за пофункционална локална самоуправа, а кои веќе се разгледуваат во започнатиот процес на менување на соодветниот закон.

Ве охрабрувам и натаму да ми пишувате. Отворен сум за соработка со вас. Вие сте нашите партнери и заедно можеме да создадеме подобро општество, додава тој.

Поврзани вести

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibomistanbul escortcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel giriş