
Под слоганот „Професионалци и сојузници: Армијата за граѓаните“, во Градскиот парк во Велес се одржа Отворен ден на Армијата со граѓаните, на кој беше презентирана воена опрема, возила и способноста на сите единици на македонската Армија.
Во рамките на повеќечасовната програма, која продолжена траеше до доцна попладнево, се одржа и показна вежба со службени кучиња.
Настанот го организираа Министерството за одбрана, Генералштабот на Армијата и Командата за обука и доктрини сместена во велешката касарна „Алексо Демниевски-Бауман“.

Настанот го посетија гоем број на велешани, а најбројни беа намладите – децата, а кои сакаат поблиску да се запознаат со воените возила и опремата и да се качат на возилата и да се фотографираат.
За нив посебно беше интересно спуштање со сајла што за намладите најпрофесионално и стрпливо го реализираа припадните од Специјалната единица „Волци“. Тие внимателно со сета безбедност по сајлата и со шлем на главата на секое дете спуштија над 250 дечиња.

Инаку настанот беше поделен на неколку тематски зони каде присутните имаа можност да се запознаат со тактичко – техничките карактеристики на дел од опремата и средствата во Армијата, гардиските и боречките вештини.
Воедно беа запознати и со активностите и начинот на школување во Воената Академија. За најмладите посетители најинтересни беа и воените хеликоптерите и нивната опрема.

Настанот беше ретка можност граѓаните на Велес непосредно да ја погледнат опремата и борбените возила, а воедно и да поразговараат со припадниците на Армијата кои секојдневно се грижат за нашата безбедност.
Со денешната свеченост беше одбележан Денот на НАТО (4 април), Денот на Првата Пешадиска бригада (2 април) и претстојниот Ден на командата за обука и доктрини (15 април).
Организаторите и граѓаните оценија дека настанот бил одлично организиран и посакаа повторна средба на припадниците на Армијата со јавноста.

Македонски


