Skip to main content

Општина Пустец и годинава ќе организира велигденски турнир во фудбал

МИА

Општина Пустец и годинава ќе организира турнир во фудбал, во рамки на одбележувањето на празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден, за што отворен е повикот за пријавување, информира за МИА, градоначалникот Пали Колефски.

На Велгиденскиот турнир во фудбал, кој станува традиционален право на улество имаат екипи од сите населени места во нашата општина. До Секторот за култура и спорт во Општината, секоја екипа треба да достави пријава и список со имиња на учесниците. Турнирот го организираме по повод Велигден, кога Македонците, кои живеат и работат во други земји, главно во соседните, се враќаат во родните села, рече Колефски.

Натпреварите почнуваат во 9 часот а ќе се одржат на 19 април, ден пред празникот, на фудбалското игралиште во селото Долна Горица.

Според Колефски, освен пехарот, кој се доделува екипно, предвидени се и соодветни награди за сите екипи.

На минатогодишнот турнир, кој беше посветен на Васил Јанкула – преспанскиот херој, кој почина на 3 април 2024 година најдобра беше екипата на Туминец предводена од капитенот Драган Вурмо, која повеќе години на ред е победник на велигденскиот фудбалски турнир, која во финалето ја надиграа екипата на Горна Горица. 

Поврзани вести