Skip to main content

Огнот во Орман дојде до куќите, Мисајловски на терен, има сериозни индиции за организирани подметнувања на пожарите

Пожарот во околината на селото Орман, во подножјето на Скопска Црна Гора предизвикува голема опасност за населението во околината.

Пламените јазици пеплосуваат се пред себе, а огнената стихија е стигната и до дел од куќите и неколку деловни објекти.

Поради сериозноста на ситуацијата, на терен меѓу пожарникарите, локалните жители и припадници на армијата коишто учествуваат во гасењето на пожарот, излезе и министерот за одбрана, Владо Мисајловски, кој учествува во координација на активностите.

Мисајловски беше дел и од координацијата на Кризниот штаб на владата за состојбата и неопходите чекори што се и треба да бидат преземени. Во согласност со таљквите активности е и одлуката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која како врховен командант на армијата одлучи армиски припадници да бидат распоредени и да учествуваат во гасењето на пожарите.

По средбата на Кризниот штаб, премиерот Христијан Мицкоски, истакна дека се ангажираат сите можни капацитети за што побрзо справување со пожарите.

Упатуваме искрена благодарност до Армијата, Полицијата, припадниците и вработените во Дирекцијата за заштита и спасување и ЦУК, пожарникарите, како и до доброволците од месното население, за нивната несебична ангажираност и надчовечки напори.

Сите тимови се целосно мобилизирани и посветени на справување со ситуацијата. Ќе направиме сè што е во наша моќ оваа непогода да биде победена“, порача премиерот Христијан Мицкоски, по средбата на Кризниот штаб на владата.

Од своја страна, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, по седницата на владиниот Кризен штаб, соопшти декаима сериозни индикации дека барем делл од пожарите се подметнати.

Министерот посочи дека многу е симптоматично тоа што, како што се неутрализира еден пожар, набрзо почнува втор, трет и сите се поврзани со одредена клучна инфраструктура.  

Не сакам да шпекулирам, но морам да напоменам дека можни е да се работи и за едно поинакво сценарио од она, што би било сценарио на случајност. Институциите работат на терен и се надевам дека брзо ќе бидат расветлени сите овие случаи од коишто се предизвикани пожарите, изјави Тошковски, нагласувајќи дека вчера е фатено едно лице што палело со умисла, кое веќе е изведено пред судија на претходна постапка. 

Со сличен став се огласи и вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, кој соопшти дека постојат многу показатели дека станува збор за намерно палење и ширење на пожарите.

Постојат многу серизни индиции дека дел од пожарите се подметнати, а мотивите се политички.

Одговорните ќе бидат уапсени! Ќе ве поразиме повторно!!!, порача Николоски.

Поврзани вести