Skip to main content
pxFW6P48Y_s

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски по повод Денот на албанската азбука

По повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука, денеска во Владата на Република Македонија ќе се одржи свечена седница. На настанот е предвидено да се обрати премиерот Христијан Мицкоски.

Овој ден ја одбележува годишнината од Битолскиот конгрес кој се одржал од 14 до 22 ноември 1908 година. На овој Конгрес, десетици албански научници се состанале за да ја создадат и унифицираат албанската азбука.

Битолскиот конгрес се смета за еден од најзначајните настани во историјата на културата и на албанскиот народ во целина.

Од 2007 година, Денот на албанската азбука е прогласен за државен празник и е неработен ден за граѓаните на албанската заедница во земјава.

Поврзани вести