Skip to main content

Обединувањето е нашата сила и иднина, порача премиерот Мицкоски по повод празникот Голема Богородица

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Општина Берово упати честитки по повод големиот христијански празник, испраќајќи пораки за обединување.

Ќе ми дозволите најпрвин да го честитам големиот христијански православен празник на сите верници коишто денеска го слават, на православните христијани, а на сите граѓани да им посакам здравје, среќа и успех за нив и нивните семејства. Исто така би сакал на рударите, бидејќи ова е нивен ден, да им посакам среќно кога влегуваат во рударските окна и да посакам нормално безбедна работа, работа којашто ќе значи подобра иднина за граѓаните и за Македонија, рече Мицкоски од Берово.

Истакна дека како претседател на Владата, овој ден сака да го одбележи со испраќање обединувачки пораки.

Традиционално денеска сме овде во Берово заедно со моите соработници, со граѓаните во Берово, а гледам и дека има во суштина граѓани од цела Македонија, така што секогаш е задоволство да се биде на овој ден токму тука и да се одбележи овој ден со една, би рекол, порака којашто е обединувачка, којашто значи обединување — всушност тоа е и мојата желба како претседател на Владата, истакна Мицкоски при посетата на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Општина Берово.

Поврзани вести