
Гледаме голем прогрес во реконструкцијата на ГОБ „8 Септември“, ова е проект кој што го работиме во рамките на концесијата која што ја има добиено ТАВ за двата аеродроми, скопскиот и охридскиот аеродром. Дел од средствата се користат за општествено корисни проекти и 12 милиони евра ќе бидат потрошени за целосна реконструкција на хируршкиот блок, на блокот за Патологија, на блокот за биохемија и исто така целосно опремување по најмодери стандарди, изјави Николоски.
Граѓаните ќе добијат најмодерна болница, а лекарите современи услови за работа, вели виепремиерот.
Она што е од големо значење е што докторите ќе добијат модерни услови за работа, а пациентите ќе добијат во оној дел кој што го работиме можеби најмодерна болница целата држава, рече Николоски.
Драго ми е што во една соработка со ТАВ ова успеваме да го реализираме и се надевам дека ќе имаме и следни општокорисни проекти, изјави Николоски.