Skip to main content

Николоски: СДСМ во очај води црна кампања, ќе доживеат историски најголем пораз

Принтскрин од видео

Тука работата ќе заврши уште во првиот круг, ќе славиме голема победа за градоначалник и голема победа за мнозинство во совет, порача од Ново Село потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој искоментира одредени изјави кои деновиве доаѓаат од страна на нивниот политички противник – опозицијата.

-Имајќи предвид дека се крајно очајни, дека се свесни дека ова ќе биде историски најголем пораз кој што им се случил како СДСМ, ги фати паника уште пред да почне кампањата и водат црна кампања уште од првиот ден. Поцрна кампања скоро и да не сме виделе. Во таа црна кампања на очај, немаат што да кажат за Владата, министрите, ВМРО-ДПМНЕ, па почнаа да измислуваат. Така, Венко Филипче нашол договор во Железница, на цена од 45.000 евра, а тие сумата не ја кажуваат, Венко толку троши за јахтата за 5 дена, па велат тоа шт го правеле тие било добро затоа што и ВМРО-ДПМНЕ со истата компанија потпишала договор. Се фатија за Железница која ја оставија минатата година опустошена, преку 3000 луѓе беа без плата, имавме нула функционални локомотиви и патнички возови. Денес имаме нормализиран сообраќај и се бориме за подобро, рече Николоски.

Поврзани вести