Skip to main content

Николоски на средбата со вицепремиерот Олег Бутковиќ побарал поддршка од Хрватска да се заложи во ЕУ за барањата на превозниците

Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт денеска остварил средба со Олег Бутковиќ, потпретседател на Владата на Хрватска и министер за поморски работи, транспорт и инфраструктура. На средбата тој побарал поддршка од Хрватска да се заложи во Европската унија за барањата на превозниците.

Проблемот со транспортерите и новиот систем за електронска евиденција во земјите од Шенген зоната е суштински и се однесува за транспортниот сектор од целиот регион од Западен Балкан, но и за компаниите од ЕУ кои инвестирале во Западен Балкан кои се извозно ориентирани кон европските пазари. Побарав силна поддршка од Владата на Хрватска во изнаоѓање на соодветно решение на ниво на Европската Унија со кое ќе се олесни работењето на македонските и регионални превозници. Разговаравме за интензивна соработка во делот на транспортниот сектор особено во железничкиот сектор, објави Николоски.

На средбата било разговарано и за зголемување на економската и трговска соработка меѓу двете земји, ставајќи фокус на инфраструктурни проекти.

Хрватска дава силна поддршка на Македонија во евроинтегративните процеси, додава Николоски.

Поврзани вести