
ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува говорот на омраза од страна на Костадин Костадинов врз новинарот Драган Павловиќ-Латас и бараат итна разрешница.
Ова е доказ за тоталната безидејност на СДС. Кога немаат идеи – имаат омраза, кога немаат програма – имаат насилство, кога немаат политика и предлози – имаат некрофилија. Градоначалникот на Струмица и близок соработник на Заев, оди по неговите стапки. Едниот живи луѓе јадеше, овој сега се заканува на новинари дека ќе се осветува на свој начин. Матрицата на СДС е таа и нема менување. Позади ваквата нарачка за линч на новинар седат директно Венко Филипче и Зоран Заев. Ова се правите лица на соработниците на Заев и Филипче. Повикуваат на убиства на новинари, ова го нема никаде! Партијата чиј член и градоначалник е Костадинов, молчи и не се оградува од коментарите на Костадинов. Го повикуваме МВР да реагира и да го повика на распит градоначалникот на СДС по бруталните закани.