Skip to main content

Министерствата за јавна администрација на Македонија и Црна Гора ќе работат на зајакнување на соработката

Фото: Кабинет на министер за јавна администрација

Делегацијата на Министерството за јавна администрација предводена од министерот Горан Минчев денеска во Подгорица по потпишувањето на Меморандумот за соработка оствари средба со црногорската делегација на Министерството за јавна администрација. 

На состанокот, како што соопшти Министерството за јавна администрација, било нагласено цврстото пријателство и силните политички и дипломатски односи меѓу двете земји, со заедничка заложба за унапредување на регионалната соработка и европската перспектива на целиот Западен Балкан.

Како што соопштија од Кабинетот на министер за јавна администрација, двете делегации имале можност да ги презентираат клучните цели на потпишаниот Меморандум, особено во контекст на реформата на јавната администрација, транспарентноста и професионализацијата на службите.

Во рамки на состанокот биле разменети мислења за заедничките предизвици и можностите во областа на јавната администрација, каде што и двете страни се согласиле дека преку зајакната билатерална соработка можат поефикасно да одговорат на очекувањата на граѓаните и да ги забрзаат реформските процеси.

 -Дополнително беше истакната подготвеноста за продлабочување на соработката преку планирање и имплементација на заеднички активности, како и преку размена на експертски искуства и заедничко аплицирање за поддршка од меѓународни и европски фондови.

Овој работен состанок претставува нов импулс во градењето на стабилни, современи и ефикасни јавни администрации кои ќе бидат во функција на граѓаните и интеграцијата во Европската Унија, потенцираат од Кабинетот на министер за јавна администрација.

Поврзани вести