Skip to main content

Министерката за образование и наука на Меѓународен самит за образовни технологии во Истанбул

Министерство за образование и наука

Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе учествува на 6. Меѓународен самит за образовни технологии, што се одржува во Истанбул, од 20 до 22 јуни 2025 година, во организација на Министерството за национално образование и наука на Република Турција.

Оваа година собирот на креатори на образовни политики од повеќе земји, претставници на образовни установи, глобални техничко – технолошки компании и технолошки паркови се фокусира на обликување на иднината на образованието преку примена на вештачката интелигенција.

Над 100 учесници на повеќе од 50 сесии ќе ја нагласат трансформативната моќ на дигиталните иновации во образованието и ќе разменуваат искуства поврзани со креирање стратегии за интегрирање на технологијата во образовните системи. Предвидено е и обраќање на министерката Јаневска, соопшштија од МОН.

Поврзани вести