
Антониј беше дел од таа група на дечиња на кои им се случи тоа што се случи, тоа труење. Имаше некои медиуми кои пренесоа дека е во тешка состојба, дека бил хоспитализиран. Сакам да демантирам. Беше во состојба во која што беа сите други дечиња. Имаше некои кои, за жал, правеа таква драма, морам да признаам дека тоа не е вистина. Инаку да, беше и тој жртва на тоа труење, три дена примаше инфузија, не одеше во училиште. Тој е храбро момче, пргаво, динамично, сака да се дружи. Претпоставувам во жарот на тоа дружење, биле на ручек, тој е целодневна настава. Конзумирале иста храна, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Премиерот рече дека остава институциите да испитаат и да кажат дали труењето е од храна или од нешто друго.
Агенцијата за храна и ветеринарство и Институтот за јавно здравје ги прават тие неопходни испитувања. Да почекаме, да не даваме суд, рече Мицкоски.
Неговиот син денес веќе се чувствувал подобро.
Се надевам дека од понеделник, заедно со неговите другарчиња ќе се врати на нормално функционирање во училиште, рече Мицкоски.

Македонски








