
Владата треба да донесе одлука според закон доколку изборите не се успешни, Владата е таа којашто избира владин повереник и логично е дека Владата ќе избере владин повереник во којшто има доверба, изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратенички прашања во Собранието.
На прашање од пратеникот Халил Сниопче од Алијанса за Албанците, врз основа на кој законски член е избран повереник во Гостивар и е разрешен претходниот градоначалник Валбон Лимани, Мицкоски рече прво ќе даде одговор на три кратки потпрашања.
Прво, немало сугестии од не знам какви авторитети во државата до мене. Не знам кој ви ја дал таа информација, но е погрешна. Тој што ви ја дал, не ви ја кажал вистината. Вториот одговор на вашето потпрашање дека овие, сега што се именувани како владини повереници ќе биле кандидати на локалните избори за тие општини, не знам дали ќе биде така. Може ќе биде, може не, наскоро ќе видиме. Третата дилема, зошто токму тие лица, се надевам дека не треба сега ние да ја ограничуваме Владата во изборот. Владата е таа којашто треба да донесе одлука според закон доколку изборите не се успешни, Владата е таа којашто избира владин повереник и логично е дека Владата ќе избере владин повереник во којшто има доверба, изјави Мицкоски.
Според Мицкоски, „не треба да очајуваме или да ја напаѓме Владата“ нагласувајќи дека ќе има избори, па ќе видиме кој ќе победи.
Владата одлучила, тие се владините повереници. Сега, дали ние се сложуваме или не тоа е друга тема. Доколку тој победи на избори, секоја чест, ќе му дадат рака противкандидатите, се надевам. Нема да му дадат рака, тоа е веќе сосема друго прашање. Не треба да се вознемирувате Снопче, се случува. Во животот се случуваат и такви работи. Сега не треба ние да бидеме тие што ќе се нервозни или вознемирени. Ќе дојдат изборите. Претседателот на Собранието го кажа тој датум кога ќе бидат изборите. Се надевам дека и вие ќе бидете учесник во кампањата, ќе имате можност да се размавнете со проекти, со идеи, се надевам дека ќе биде фер плеј таа игра и ќе видиме на крај кој ќе победи во тој натпревар, изајви Мицкоски.

Македонски








