
Владата функционира одлично, составена е од три коалициски субјекти од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од коалицијата Вреди и од политичката партија ЗНАМ, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Во моментов, истакна тој, не гледа потреба од одржување на предвремени парламентарни избори.
За да се распушти Парламентот формално се потребни 61 пратеник. Во моментот не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Во моите разговори со меѓународната заедница, но и од она што го разговарам со граѓаните и меѓународната заедница и граѓаните од оваа Влада очекуваат реформи. И тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака, рече Мицкоски.
-Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, истакна премиерот, додавајќи дека иако после локалните избори и оној апсолутен триумф на партијата и одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа приоритетот е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните.
Прашан дали ќе го разреши министерот за социјални работи и демографија Фатмир Лимани, кој најавил дека ќе формира нова партија, премиерот рече дека не е информиран за тоа.
Во однос на изборот на јавен обвинител, Мицкоски кажа дека се уште нема одлука. -Кога ќе имаме одлука јавноста ќе биде запознаена, рече премиерот

Македонски



