
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека по локалните избори ќе се знае каква акција ќе се преземе за прочистување на судско-обвинителскиот систем. Вели дека судиите со два процента рејтинг треба да си заминат дома.
Да почекаме да завршат локалните избори и ќе видите какви чекори ќе преземеме. Со два проценти рејтинг треба да си заминат дома, а не да бараат повисоки плати и повисок буџет. Не се сите такви, да се разбереме, таму има неколкумина измеќари кои го контаминираат целото обвинителство и судство. Кога јас би имал два проценти рејтинг би си заминал, нема да се занимавам со ова што се занимавам“, кажа Мицкоски по средбата со претставници на Стопанска комора на северо-западна Македонија, во рамки на изборната кампања.
Премиерот претходно во повеќе наврати најави дека ќе се спроведе решителна акција по локалните избори за прочистување на судско-обвинителскиот систем